Мареј како во старите времиња, губеше со 2:1 во сетови па направи пресврт

epa09314354 Andy Murray of Britain in action against Oscar Otte of Germany during their second round match at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain 30 June 2021. EPA-EFE/NEIL HALL EDITORIAL USE ONLY

Поранешниот шампион на Вимблдон, Енди Мареј по голема драма успеа да се пласира во третото коло на најпрестижниот грен слем турнир, откако со пресврт го совлада Оскар Оте. Мареј славеше во пет сета со 6:3,4:6,4:6,6:4,6:2.

Иако по првиот сет сите помислија дека Мареј ќе дојде до лесна победа над квалификантот од Германија, наскоро се свртеа работите. Оте во вториот сет губеше со 1:3 но тогаш освои четири гема по ред и по освоениот втор сет, успеа да го слави и во третиот и да поведе со 2:1. Оте во четвртиот сет направи брејк со кој поведе со 2:1, но Мареј одговори со рибрејк, а потоа успеа да ги сврти работите во своја користи, го натера противникот на чести грешки по што не му претставуваше проблем да дојде до конечен тирумф.

Британецот во третото коло го очекува 10 носител, Денис Шаповалов од Канада.
Пласман во третото коло обезбедија и Андреј Рубљов кој во три сета го совлада Харис од Јужна Африка, Шварцман со 3:1 во сетови беше поуспешен од Броади, Тиафо го совлада Поспишил, додека Фоњини беше подобар од Ѓере од Србија.
Кај дамите, елиминирана е поранешната шампионка, Венус Вилијамс која загуби со 7:5,6:0 од Онс Жабер, но затоа сигурни беа Каролина Плишкова, Слоун Стивенс и Гарбине Мугуруза кои славеа во два сета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот