Мареј е вистински Шкот – циција: Заработи повеќе од 60 милиони долари, а скапо му е да изнајми куќа

epa08011390 Britain's Andy Murray in action against Tallon Griekspoor of the Netherlands during the group stage tie between Britain and the Netherlands at the Davis Cup Finals tennis tournament at the Caja Magica facilities in Madrid, Spain, 20 November 2019. EPA-EFE/CHEMA MOYA

Енди Мареј одлучи да претстојува во хотел за време на Мастерс Синсинати и УС Опен.

Енди Мареј кој е роден во Шкотска ќе биде дел од првите два големи турнири по рестартот на тениската сезона, Мастерс Синсинати и УС Опен, но изненади со изборот на престој.

Имено, британскиот тенисер одлучи да не изнајмува приватна куќа која ја обезбедува Тениската федерација на САД (УСТА), туку ќе претстојува во хотел.

Досега единствени тенисери и тенисерки од топ 10 на АТП и ВТА ранг листите кои изнајмија приваква куќа се Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс, додека Мареј смета дека таквиот потег е премногу скап и поради тоа во наредните три недели ќе претстојува во официјалниот хотел.

УСТА на сите тенисери кои се пријавија за настап на УС Опен и Мастерс Синсинати им понуди две опции, официјален хотел и приватна куќа со 24-часовно обезбедување.

„ Енди Мареј реќе дека нема да остане во приватна куќа во Њујорк како што тоа го направија Серена и Ѓоковиќ, а причината за тоа е астрономските цени“, напиша новинарот Бен Ротенберг на својот Твитер профил.

Американскиот новинар исто така потенцира дека Мареј во кариерата само од награди од тениските турнири има заработено повеќе од 61 милион долари и не му претставува проблем да изнајми приватно сместување, но најверојатно го избрал хотелот од принципи.

Мастерс Синсинати ќе стартува денеска, а УС Опен ќе започне од 31 август. Двата турнири како превенција од пандемијата на коронавирусот ќе се играат на терените на Флешинг Медоуз во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот