„Маратонска“ победа на Портланд (ВИДЕО)

EPA-EFE/STEVE DIPAOLA

Портланд треилблејзерс и Денвер нагетс одиграа историски натпревар со четири продолженија, а на крајот триумфот од 139:137 му припадна на домашниот тим и поведе со 2:1 во победи.

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ на теренот мина неверојатни 65 минути, највеќе во историјата на НБА лигата.
Токму Јокиќ имаше можност да го однесе натпреварот и во петто продоление но промаши едно слободно фрлање во финишот, а Сет Кари на спротивната страна беше прецизен и ја завери победата на Портланд.

СиЏеј МекКалум со 41 постигнат поен беше најпрецизен на натпреварот, додека Демиен Лиларс уфрли 28 поени. Во редовите на Денвер, Јокиќ оствари „трипл-дабл“ од 33 поени, 18 скокови и 14 асистенции, а Џамал Мареј даде 34 поени.

Милвоки бакс поведе со 2:1 во победи против Бостон селтикс, откако како гости славеа со 123:116.
Како по обичај, најдобар во редовите на Милвоки беше Јанис Адетокумпо со 32 поени, 13 скокови и 8 асистенции, а голам помош имаше и од Џорџ Хил и неговите 21 поен.
Кајри Ирвинг со 29 поени и Џејсон Тејтум со 20 поени беа најрасположени за игра во Бостон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот