„Маратон на љубовта“: Во Крушево пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески

Тоше Проески
Фото: EPA/VLATKO PERKOSKI/МИА

Во Крушево денеска пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески и се поклонија во спомен обележјето на Гумење.

Крушевчани ултрамаратонците ги пречекаа со црвени рози.

Петмина ултрамаратонци пред два дена го започнаа симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градишка, од местото на големата трагедија, а уште 10 ултрамаратонци, својот маратон до Крушево и до Гумењего го започнаа утредента, на 15 октомври, од граничниот премин Табановце, преку Скопје до Крушево. Помеѓу маратонците за првпат е и најстариот, 69-годишниот Ангел Малинов.

По повод 14-годишнината од загинувањето на Тоше Проески, во Крушево од изутрина пристигнуваат негови фанови од земјава и од Хрватска, Бугарија и Русија. Дел од нив изразија желба ултрамаратонот да се вика „Маратон на љубовта”.

Извор: МИА

Засекогаш ќе живее во нашите срца: Тоше, те сакаме!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот