Мараја Кери со потресни детали од нејзиниот приватен живот: „Не можев слободно да се движам ниту во сопствената куќа“

instagram

Музичката дива Мараја Кери (50) неодамна објави мемоари во кои открива детали од нејзиниот приватен живот. Пејачката си ја отворила душата зборувајќи за нејзиниот поранешен сопруг кој ја изневерувал, за процесот на рехабилитација, семејното насилство и разводот.

Книгата „The Meaning of Mariah Carey“ беше објавена на почетокот на оваа недела, а светските медиуми сега детално „прегледуваат“ за што пишувала.

Мараја се омажи за музичкиот продуцент Томи Мотола кога имала 23 години, а тој 43. Во книгата тврдела дека тој ја малтретирал и го контролирал секој нејзин чекор.

„Се чувствував како да ми ја запира циркулацијата на крвта, ме оддалечи од пријателите и од тоа мало семејство што го имав“, напишала пејачката.

Instagram

Мараја тврдела дека постојано чувала спакуван куфер под креветот во случај да мора да побегне од него.

„Не можев слободно да се движам ниту во мојата куќа, а камоли да разговарам со некој за кој Томи не знаеше“, објаснила таа.

Открила и детали за аферата со бејзбол играчот Дерек Џетер, со кого го изневерила Томи. Брзо станале пријатели и се запознале додека нејзиниот сопруг бил зафатен. Таа вели дека ѝ требала афера за да сфати колку нејзиниот поранешен партнер всушност ја контролирал.

Мараја Кери со Ник Канон и нивните деца / Instagram

Нејзиниот втор брак со комичарот Ник Канон, со кого има деветгодишни близнаци, исто така заврши додека нивните деца беа уште мали.

Во своите мемоари, пејачката напишала дека секогаш се грижеле нивниот развод да не влијае премногу на воспитувањето на нивните деца.

Мараја во 2001 година открила дека страдала од биполарно растројство, а исто така доживеала и нервен слом на врвот на својата кариера. Таа сега открила и дека спиела само два часа неделно во времето пред рехабилитацијата.

„Бев во навистина темно место и тоа заврши така што за малку ќе си го уништив животот“, напишала пејачката.

Instagram

Во книгата, пејачката пишувала и за нејзината врска со нејзината сестра Алисон:

„Кога имав 12 години, сестра ми ме дрогираше со валиум, ми го нудеше својот розов нокт полн со кокаин и ми нанесуваше изгореници од трет степен, обидувајќи се да ме продаде на макро“, тврди Мараја.

Мараја Кери во своите момоари открила дека нејзините браќа со години јавно и вербално ја напаѓале.

Instagram

„Моите браќа пораснаа со Афроамерикански татко и бела мајка, а јас претежно живеев само со мајка ми, што во тоа време им се чинеше полесно, но во реалноста не беше така“, објаснила таа, додавајќи дека секогаш сметале дека нејзиниот живот е лесен и дека постојано барале начини како да се збогатат брзо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот