Мараја Кери конечно побара помош за болеста

Мараја Кери страда од биполарно пореметување на личноста, познато како манична депресија, кој погодува повеќе од 24 милиони луѓе во светот, а меѓу нив се наоѓаат и бројни познати ѕвезди кои отворено зборувале пред медиумите за својот проблем.

Мараја Кери, Деми Ловато и Бебе Реџа се само некои од нив кои се изјасниле дека боледуваат од оваа хронична состојба, што ја карактеризира промена на расположението, склоност кон тешки депресии и психотичност.

На Мараја Кери биполарно пореметување на личноста ѝ е дијагностицирано во 2001 година. По неколку емотивни и професионални крахови конечно побарала лекување и вели дека добро се чувствува.

„Се опкружувам со позитивни луѓе околу себе и го работам она што го сакам, пишувам песни и правам музика“, рекла Мараја.

Успеала да го надмине чувството на осаменост и сфатила дека не е единствената која болува од ментална болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот