Мараја Кери го најави Божиќ со вирално ВИДЕО

Instagram

Легендарниот хит на Мараја Кери,„All I Want For Christmas Is You“ е незаобиколива песна на сите листи на божиќни песни. Снимен е далечната 1994 година, а американската пејачка со изведбата на овој хит се најде на самиот врв на топ листите.

На својот инстаграм-профил Мараја го најави влегувањето во претпразничниот период. На видеоснимката се гледа како пејачката се буди на 1 ноември со тактовите на нејзината популарна песна. Во еден момент и се јавува Дедо Мраз, а пејачката вели „Време е“.

Видеото за помалку од 24 часа е погледнато повеќе од милион пати, а бројните обожаватели се согласија дека едвај го чекаат најомилениот празник во годината – Божиќ.

„Уште само 45 дена до Божиќ. Ова ми е твоја омилена песна и секогаш буди некои убави чувства во мене.“ „Најдобра божиќна песна“, се само некои од коментарите на Инстаграм.

Американската пејачка секоја година на својот најголем хит заработува шокантно вртоглава сума, а само оваа година „All I Want For Christmas Is You“ и донел 625 илјади фунти, пренесува Мирор.

View this post on Instagram

Breaking news ❄️

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот