Марадона застана во одбрана на Бразилецот: Ќе бидам со него до смрт
Тоа што е „Ел Класико“ најголемо дерби помеѓу екипите, кај репрезентациите „Супер класико“ се дуелите помеѓу Аргентина и Бразил. Малку е да се каже дека тие се само големи ривали, Аргентиците и Бразилците не се поднесуваат.
Но, Диего Марадона и Роналдињо не се само обични претставници на аргентинскиот и бразилскиот фудбал тие се и идоли во своите земји и нешто повеќе.
Кога слушна дека Роналдињо пред два месеци заврши во затвор во Парагвај, Марадона го направи тоа што вообичаено ниту еден Аргентинец не би го направил за Бразилец, јавно го бранеше славниот фудбалски ас, а истот го повтори и денеска.
– Тажен сум поради тоа што му се случи на Роналдињо. Тој нема никаква врска со криминал, во Парагвај беше поради својата хуманитарна работа. Неговата единствена грешка е што на сите им беше идол. Роналдињо ми е голем пријател и до смрт ќе бидам со него – изјави Марадона.