Марадона останува тренер на Гимназија

PA-EFE/JUAN IGNACIO RONCORONI

Легендарниот Аргентинец ја продолжи соработката за тимот од Ла Плата за уште една сезона.

Диего Марадона седна на клупата на Гимназија Ла Плата во септември 2019 година кога екипата беше последната на табелата во аргентинската лига.

Во меѓувреме, популарниот Ел Пибе успеа да ја подобри играта и да ги поправи резултатите по што Гимназија до прекинот на првенството поради пандемијата на коронавирусот дојде до 19. позиција од 24. екипи.

Тоа беше доволно за челниците на екипата да му понудат нов договор на Марадона, кој со задоволство го прифати и во наредната сезона повторно ќе го предводи тимот од Ла Плата.

Аргентинската влада и фудбалската федерација на оваа јужноамериканска земја одлучија актуелната сезона да се поништи поради пандемијата на коронавирусот и да не биде прогласен шампион, како и да не нема испаѓање од лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот