Манипулација со ковид сертификати во Европа, неколку со име на Адолф Хитлер

ковид потврда сертификат
Ковид сертификат / Фото: EPA-EFE/JESSICA PASQUALON

Украдени се неколку кодови, кои се користат за креирање на европските зелени пасоши, кои во повеќето европски земји важат за водење на ковид евиденција, пренесува агенцијата АНСА.  

Повикувајќи се на извори од Италија, агенцијата наведува дека тие укажуваат дека овие шифри сега се користат за создавање фалсификувани сертификати кои се нудат преку Интернет. 

Во моментов на мрежите кружат два зелени пасоши издадени на име на Адолф Хитлер, кои се покажаа како вистинити со нивна проверка. 

Ковид сертификат на име Адолф Хитлер 

Според италијанскиот сајт „Zone.it“, постојат два зелени пасоши на име на Адолф Хитлер, едниот со датум на раѓање 1900-та година, а другиот 1930-та. И двата имаат валиден QR код, а сајтот тврди дека овие шифри се украдени од Полска.  

Засега не е познат бројот на украдени шифри, а според официјалните информации не е јасно од која земја се украдени. Истрагата е во тек, а имало неколку средби на повеќе европски нивоа. 

Инаку, во Италија е потребен зелен пасош од 15 октомври за пристап до работното место. 

ФОТО+ВИДЕО | Xaoс во Рим: Италијанците пpoтесираа пpoтив кoвид пpoпусницата па се обидоа да влезат во Владата

Видео на денот