12 C
Скопје

Манијаци, криминалци, радикали, сејачи на лажни вести и омраза… Сите на едно место?

Се стекнува впечатокот дека повеќето од мрачните ликови, најчесто скриени зад псевдоними и лажни профили на социјалните мрежи, се некако поврзани, а нивните патишта се вкрстуваат на исти или слични теми.

Социјалните мрежи се фронтот на кој секојдневно, од минута во минута, се судираат фактите и лажните вести. Тоа е просторот каде што се сее омразата и се повикува на ликвидација на политичари, новинари, активисти… Тие се истовремено „дистрибутери“ и „извори“ на пропагандната мрежа од самонаречени медиуми кои „нагалено“ ги нарекуваме со нивните сопствени изрази: куртони, курири, лудаци, човечиња, началници…

Деновиве, во екот на повампирениот скандал на групата „Јавна соба“ која врши сексуално насилство и злоупотреби со фото и видео материјали и лични податоци на малолетни лица, на површина излегуваат и низа непријатни сознанија. Институциите се покренаа, како што објави и министерот за внатрешни, Спасовски, па веќе има и приведени членови на злогласната група на мрежата „Телеграм“.

Не е невообичаено за вакви скандали јавноста да доаѓа до информации спорадично, преку официјални, но и неофицијални канали. Така, неофицијално се дознава дека извесен адвокат од гратче во источниот дел од земјава е дел од сексуалните предатори и манијаци во „Јавна соба“. Според неофицијални изводи, линковите се и подлабоки, бидејќи се работи за член на најблиското семејство на еден пратеник во парламентот.

За пратеникот, пак, подолго време се говори, но никако да се добие официјална потврда, дека е основач на Фејсбук страницата Јован Кукузел на која секојдневно се објавуваат ноторни лаги, вулгарности и клевети, лажни вести и објави со гнасен говор на омразата и повици за политичко насилство и ликвидации.

Се стекнува впечатокот дека повеќето од мрачните ликови, најчесто скриени зад псевдоними и лажни профили на социјалните мрежи, се некако поврзани, а нивните патишта се вкрстуваат на исти или слични теми. Манијаци, криминалци, радикали и сејачи на лажни вести и омраза… Сите на едно место?

МВР е раздвижено. Дали ќе има реакција и од Јавното обвинителство ќе видиме деновиве. Можеби и не е толку тешко, ако е точен впечатокот, па можеби со една акција ќе се решат повеќе случаи одеднаш.

Преземено од Цивил Медиа

Поврзани вести

Омаловажувачкиот хумор кон етнички групи не е шега

Ваљон Салиху

Враќањето на германската политика

Јошка Фишер

За Трајко, со почит

Атанас Костовски

Рускиот проблем: НАТО

Ѓуро Козар/Ослобоѓење

Мистерија на третата доза

Ана Митиќ/Недељник

Лет од место

Жанета Скерлев

Остави Коментар