Манифестација „Ден на пченицата 2019″

Традиционално последната недела во месец мај под покровителство на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сојуз на стопански комори на Македонија, а во организација на „Агроунија” ДООЕЛ се одржува манифестацијата „Ден на пченицата 2019″.

На настанот најавено е присуство на група експерти од ФАО од Рим, експерти за семе од Министерство за земјоделство на Бугарија, претставници од министерствата за земјоделство од Србија, Турција, Албанија, Хрватска, Косово, Романија, како и на претставници од мултинационални фирми од Германија и Франција што претставува можност за меѓусебно запознавање и едукација.

Најавено е обраќање на претседателката на Сојуз на стопански комори Данела Арсовска, на заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Благе Цветковиќ и на Огнен Оровчанец од „Агроунија” ДООЕЛ. 

За изминатите 30 години во „Агроунија” се признати над 15 сорти пченици во Македонија, во Србија,  Албанија, Косово, Бугарија и во Грција. Од 2019 година на европскиот каталог на сорти ќе бидат внесени за прв пат две македонски сорти пченици и една сорта тритикале кои се создадени во „Агроунија” ДООЕЛ Скопје.

Со оваа манифестација се допринесува за афирмација како на македонското земјоделство, така и на севкупната македонска наука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот