МАНЕКЕНОТ УДРИ ПО КЕЈТИ ПЕРИ: Заедно снимавме спот, а потоа ме соблече пред пријателите!

кејти пери
Принтскрин

Џош Клос, кој се појави заедно со Кејти Пери во спотот за „Teenage Dream“ изнесе страшни обвинувања против нејзе.

Тој тврди дека откако го снимиле спотот, продолжиле да се дружат со пејачката, а таа до толку се опуштила што на една забава насилно му ги соблекла панталоните и го покажувала пред нејзините пријатели.

Клос решил да го открие ова неколку години подоцна. Според медиумите, ова се случило на роденденската забава на дизајнерот Џони Вјуек. Во тоа време Кејти штотуку се развела од тогашниот сопруг.

Манекенот прозборел дури сега бидејќи смета дека е крајно време мажите да се прикажуваат како перверзници, бидејќи и жените може да бидат подеднакво, како што наведува самиот, одвратни.

На прашањето зошто дури сега кажува, тој одговорил дека се плашел дека ќе биде обвинет дека сака да стекне слава на грб на Кејти Пери.

View this post on Instagram

When Monday comes…

A post shared by Josh kloss (@iamjoshkloss) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот