Манекенката се породила во кола среде шума, драмата траела со часови
Некогашниот супермодел, чешката манекенка Петра Немцова (40) се породила, а на сето тоа му претходело драматично искуство. Иако Петра на 15 ноември го родила синот, сè до синоќа не сакала да зборува за тоа низ што поминала.
Нејзиното синче е родено пред шест недели и тоа додека Петра и нејзиниот партнер Бенџамин, како што вели манекенката, престојувале во изолирано подрачје опкружени со природа.
Кога сфатила дека породувањето почнало, манекенката влегла во колата и додека брзале кон најблиската болница, таа се породила.
Бидејќи бебето е предвреме родено, следеле најтешките денови за родителите, бидејќи животот на бебето бил во опасност.
Сепак, кога станало јасно дека со синчето сè е во најдобар ред, Петра се огласила на социјалните мрежи.