Манекенката непрепознатлива, карантинот си го прави своето! (ФОТО)

Profimedia

Тајра Бенкс во 90-те години владееше на светската модна сцена и важеше за една од најубавите и најангажирани манекенки во тоа време.

Тајра е фотографирана деновиве во Лос Анџелес, каде и најпосетените туристички локации се празни поради коронавирусот кој масовоно се шири во САД. Заводливата манекенка очигледно полека се навикнува на новиот начин на живот, со оглед на околностите ширум светот.

профимедиа

Иако сме навикнати да ја гледаме целосно средена, и таа „има право“ да се „запушти“, да качи некој килограм или да излезе без шминка. Во лежерна комбинација и без грам шминка тешко дека ќе ја препознаете. Неуредната коса и стајлингот кој порачува дека ниту малку не се грижи за модата, на некој начин доловува како повеќето од нас се чувствуваат периодов.

профимедиа

„Сите имаме вакви и такви денови, кога не ни е до средување, но таа е јавна личност и ова не и е првпат да биде комплетно несредена“, гласат коментарите на некои нејзини фанови, кои ја критикуваат дека се однесува „премногу лежерно“ со оглед на „угледот кој треба да го негува“.

Тајра, супер си!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот