Манекенката која минатата година исчезна ненадејно, пронајдена е дезориентирана во Рио де Жанеиро!

Бројни светски медиуми пишуваат за случајот со моделот Елоиз Пинто Фонтес деновиве. Бразилката која беше на насловните страници на Ел и Грација, заштитно лице на кампањата Долче и Габана, едноставно исчезна минатата година.

Таа живееше во Њујорк во тоа време и имаше манекенска кариера, а никој не слушнал за неа цела година. Пред неколку дена, поточно, на 6 октомври била пронајдена како лута по улиците на Рио де Жанеиро дезориентирана, пренесува „Дејли мејл“. Оваа вест шокираше многумина, особено во родниот Бразил на манекенката.

Откако жителите на центарот на градот Фавела забележале непозната жена како талка по улиците, тие го пријавиле случајот во полиција. Во ранецот пронашле документи и договор со странска модна агенција, како и препораки на фотографот. Фонтес во моментов е во болница.

Последен пат била видена минатата година во Њујорк и ова не е нејзино прво исчезнување. Минатата година, колегите пријавиле дека исчезнала, а таа била пронајдена по пет дена оддалечена околу триесет милји од Менхетен.

Од 2014 до 2016 година, таа беше во брак со 38-годишната руско-романскиот манекен Андреа Бирлеану, кој заработи повеќе пријави за насилно однесување во нејзината матична земја. Двојката има седумгодишна ќерка, над која Бирлеану има старателство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот