Манекенката ја откри тајната на совршената кожа: Мајчиното млеко е вистински еликсир за убавина!

инстаграмм

Актерката, манекенка и нова мајка Џоди Тарнер-Смит го нарекува сопственото млеко револуционерно, а сега објасни што точно мисли со тоа.

„Уште кога родив бебе, тајната на мојата убавина е тоа што го ставав моето млеко во сите серуми за лице“, изјави таа за Вог.

„Мојата кожа е многу чувствителна, па користам лесен чистач и потоа ставам серум со алое и млеко што буквално го доев во раце од моите градите“, откри 34-годишнатаТарнер-Смит.

Д-р Стивен Виктор, дерматолог и медицински директор во Виктор центарот за регенеративна медицина во Њујорк, изјави дека не е изненаден што Тарнер-Смит забележала толку добри резултати.

„Мајчиното млеко содржи хормони и антиинфламаторни состојки кои се добри за кожата“, изјавил Виктор за „Денес“: „Двете можат да го направат тенот помек и посветл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот