Манeкенката ја изгуби битката со болеста: Почина во 30-та година од животот

Instagram

Американската манекенка Каксми Брутус почина во 30-тата година од животот, по долга борба со рак на коските. Ќе остане запаметена по неверојатната храброст, одважност и позитивност, како и заложувањата за развој на инклузивната мода.

Родителите на Каксми на Инстарграм потврдија дека манекенката ја изгубила битката со болеста.

Од моментот кога и бил дијагностициран рак на коските, Каксми ги посетувала најдобрите клиники, но туморот сè повеќе се ширел по нејзиното тело поради што било невозможно да се избегне ампутацијата на нозете и коските на карлицата.

Сепак, тоа не ја спречило најнормално да го живее својот живот, а нејзиниот став и убавината се инспирација на луѓето ширум светот.

Пред една недела манекенката на Инстаграм откри дека е хоспитализирана откако и се јавиле болки во стомакот за време на патувањето во Лондон.

Веста за нејзината смрт растажи многу нејзини обожаватели, познати личности и колешки. Во емотивна порака од неа се прости и пејачката Ријана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот