Манекенката Емили Ратајковски ги објави фотографиите од ноќта кога тврди дека била сексуално нападната (ФОТО)

Светски познатата убавица, манекенката и модел Емили Ратајковски (29) деновиве е во фокус на јавноста откако го обвини фотографот Џонатан Ледер дека сексуално ја нападнал за време на една фотосесија во неговиот дом во Кетскилс во 2012 година.

Емили Ратајковски / Фото: Инстаграм

Фотографиите кои настанале тогаш, Џонатан Ледер ги објави во книгата Ледер/Ратајковски во 2016 година, иако манекенакта тврди дека немале право да ги објават тие фотки.

Ратајковски на фотографиите на кои позира во долна облека истата ноќ кога тврди дека ја нападнал, ги објави на својот профил на Инстаграм и напиша: Секогаш е забавно да се види својата работа. Џонатан Ледер за магазинот Дариус“.

 

View this post on Instagram

 

Always fun to see your work in print.by @jonathan_leder for Darius Magazine #polaroids #dariusmagazine #jonathanleder

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Во нејзиното сведоштво кое деновиве го објави за The Cut, Емили раскажува како пиела вино и се фотографирала потполно гола. Откако завршило снимањето, а шминкерката заминала на спиење, манекенката се чуствувала будно и многу пијана. Таа и фотографот се покриеле со ќебе на каучот бидејќи било многу студено, а како што тврди според нејзините изјави, Ледер апочнал да ја прашува за нејзините момчиња и ја гледал како си ги масира стопалата за да се стопли.

– Кажа дека му се допаѓа тоа што го правам со стопалата, јасно се сеќавам на тоа. Мразев дека коментира нешто што го правев за да се утешам. Повеќето од тоа што се случи подоцна ми е како низ магла, но се сеќавам како се чуствувам. На бакнување не можам да се сетам, но можам да се сетам на неговите прсти во мене наеднаш. Ги туркаше се посилно и посилно и навистина ме болеше. Инстиктивно го фатив за раката и го излвлеков од мене. Ништо не кажав. Тој стана и си замина – вели Ратајковски.

Шокантна исповест на Емили Ратајковски: Ги почувствував неговите прсти како…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот