Манекенката Бела Хадид во работно одело и без шминка се посвети на земјоделството (ФОТО)

Важи за една од најубавите жени во светот, а за време на карантинот одлучи да се „одмори“ од гламурот и да премине на други, поопуштени активности.

Фото: Инстаграм / @bellahadid

Манекенката Бела Хадид на Инстаграм објави снимка како сади лаванда и изгледа дека тоа одлично и оди.

На фотографиите изгледа релаксирано и среќно, откако во лежерна облека ги засука ракавите и се „фрли’ на работа.

Фото: Инстаграм / @bellahadid

Maнекенката се пофали дека има 1500 садници и дека се чувствува многу горда кога го прави ова.

Фото: Инстаграм / @bellahadid

Фотографиите од Бела во работно одело го заобиколија светот, а позитивните коментари само се множат. 

Фото: Profimedia

Манекенката доби многу пофалби и за природниот изглед кој го негува во карантинот, без шминка и лежерен стил на облека, што очигледно одлично ѝ одговара.

Фото: Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот