Познатата манекенка хоспитализирана откако се заразила со коронавирус (ФОТО)
Слободен печат
Пред
Познатата манекенка на „Victoria secret“, Алексина Грејам (30), на социјалните медиуми ја сподели вести дека е хоспитализирана, откако и се појавиле симптоми на коронавирус.
Манекенката објави фотографија од болничкиот кревет на кој лежи со маска на лицето и ги опиша симптомите кои ги имала.
„Повраќав повеќе пати во денот. Ми се појави висока температура и не се чувствувам добро. Не можев нормално да зборувам ниту да дишам. Белите дробови не ми го дозволуваа тоа, а грлото ми е затворено“, порача манекенката, која додаде дека не можела сама да излезе од кадата.
„Не можев ниту нормално да јадам, бидејќи хранењето ми претставуваше болка“, додаде таа.
Грејам порача дека сите мораат да ги сфатат сериозно мерките на надлежните лица, да се изолираат и да останат дома додека епидемијата не помине.
Сепак, како што сподели моделот, сега се чувстувва подобро.
На фотографија што ја сподели со нејзината сестра, и се заблагодари што била покрај неа кога се почувствувала преплашено од дијагнозата „Ти благодарам што ми ги бришеше солзите и беше покрај мене цело време. Кога не можеше да бидеш во болницата, беше со мене на телефон. Сестра, најдобра другарка и медицинска сестра, дома“.
Пет дена откако се зарази, манекенката сподели дека се чувствува подобро и посилно.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Вечерва се емитува осмата епизода од поткастот на „Слободен печат“. Наш денешен гостин е соосновачот на „Дата Мастерс“, Филип Петровски. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Со Петровски разговараме за подемот на вештачката интелигенција, науката за податоци, актуелната состојба со ИТ секторот во Македонија и многу други интересни теми. Тој ни раскажува за животот …