Манекенка слави бизарна годишница: Да живеат моите силикони, но не и забите! (ФОТО)

Instagram
Фото: Инстаграм

Американската манекенка Криси Тајген (34) прослави бизарна годишница – пред 10 години таа вградила силиконски гради, а сега со тоа и се пофали.

Додека некои обележуваат годишници од брак и родендени, манекенката Криси Тајген се потсети на други работи.

Фото: Профимедиа

– Среќна 10 годишница на овие ци*ки, а РИП на овие заби – напишала Криси која отсекогаш сакала да ја изненади јавноста со своите признанија.

Нејзиниот текст на фотографијата од модна писта изненади многумина, па и ријалти ѕвездата Ким Кардашијан (39) која истакнала дека тоа многу ја насмеало.

 

View this post on Instagram

 

happy 10 year anniversary to these titties and RIP to these teeth. ? @christopher.peterson

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

Комичарката Витни Камингс (37) загрижено ја прашала Крис дали имплатите мора да се менуваат  после 10 години.

– Да, мораат и многу сакам да ги извадам. Карантинот би било совршено време за тоа, но се чини дека таквите операции не спаѓаат во важните медицински постапкки – се пошегувала Тајген.

Инаку манекенката во едно интервју кажа дека ставила силиконски гради со цел да биде самоуверена додека носи бикини на модните писти и снимањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот