Манекенка, глумица, а сега студентка: Богаташ си најде нова љубов 39 години помлада од него (ФОТО)

Profimedia

Архитектот Питер Кук, на јавноста познат по бракот со една од најубавите жени во светот, Кристи Бринкли, неодамна објави дека си нашол нова љубов. Овој 60-годишник се верил со 39 години помладата студентка Алба Џанка и тоа во септември во текот на романтичниот одмор во Грција, а притоа ѝ подарил 6-каратен дијамантски прстен.

Profimedia

„Сметаме дека сме неизмерно среќни бидејќи еден во друг си пронајдовме сродна душа. Се веселиме на блаженството што ќе ни го донесе венчавката“, рекол Кук за Пејџ сикс.

Извор близок на парот открил дека се запознале уште во 2017 година, но дека романсата ја започнале минатата година. Исто така додал дека планираат да се венчаат во Европа.

Американските медиуми пренесуваат дека 21-годишната Алба студира на Универзитет во Луизијана, а нејзините родители се многу влијателни во круговите на интелектуалната елита и имаат неколку уметнички галерии.

Profimedia

На Питер Кук ова ќе му биде трет брак, а интересно е што Алба е врсничка со неговата ќерка Сејлор, која ја добил во бракот со манекенката Кристи Бринкли. Нивниот брак се распаднал поради неверството на архитектот. Тој во својата фирма ја вработил Дијана Бјанки, која тогаш имала само 18 години, а потоа започнал афера со неа.

Кристи Бринкли/Profimedia
Питер Кук и Кристи Бринкли/Profimedia

По бракот со Кристи, Кук се оженил со глумицата Сузан Шоу, но и на овој брак му дошол крајот во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот