Мане и Рашфорд на радарот на Реал и Барселона – Слободен печат
СпортФудбал

Мане и Рашфорд на радарот на Реал и Барселона

Напаѓачите на Ливерпул и Манчестер јунајтед може на лето да се преселат во Шпанија.

Садио Мане се наоѓа на листата на желби на Зинедин Зидан кои се очекува во летниот преоден рок да го засилат Реал Мадрид, а со скрстени раце нема да седи ниту Барселона која планира да купува од Манчестер јунајтед.

Зидан е убеден дека 100 милиони евра вредниот трансфер на Еден Азар од Челси е речиси сигурна работа, исто како и ангажманот на Адриен Рабио од ПСЖ со што ќе биде освежен средниот ред, и сега се насочува кон нападот. Французинот е подготвен да плати 100 милиони евра за голгетерот на Ливерпул, Садио Мане кој сезонава игра фантастично и на 42 натпревари постигна 21 гол.

Ниту Барселона не мирува, каталонскиот клуб издвои да плати 100 милиони фунти за напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд.
Иако јунајтед му понуди на Рашфорд нов договор вреден 300.000 фунти неделно, Барселона планира да ја израмни понудата само за да дојде до услугите на 21-годишниот англиски репрезентативец.

Парите за Ташфорд, Барселона планира да ги обезбеди со продажба на Фелипе Кутињо, кој се наоѓа на радарот на неколку екипи. Челси доколку го добие спорот со УЕФА пред арбитражниот суд во Лозана и му биде укината забраната за трансфери, е подготвен да плати 120 милиони евра за Бразилецот, а истата сума ја подготвува и ПСЖ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close