Мане и официјално е нов фудбалер на Баерн

Садио Мане/фото: fcbayern.com

Германскиот шампион Баерн Минхен денеска и официјално го реализира трансферот на Садио Мане кој пристигна од Ливерпул. Германскиот шампион на Ливерпул му плати 32 милиони евра, а сумата може да се зголеми за дополнителни девет милиони доколку се реализираат бонусите.

Мане вчера ги помина лекарските прегледи, а денеска и официјално беше претставен како нов фудбалер на Баерн Минхен.

– Среќен сум што станав фудбалер на Баерн Минхен. Многу разговарав со претставниците на екипата, ме радуваше интересот на клубот. Мислам дека е вистинско време за нови предизвици, сакам да остварам успеси со Баерн – е првата изјава на Мане како нов фудбалер на Баерн.

 

Задоволство од трансферот на Мане искажаа и челниците на Баерн Минхен.

– Воодушевени сме со доаѓањето на Мане. Малку играчи има како него и сигурни сме дека во наредните години Мане ќе ги израдува навивачите на Баерн. Тој е амбициозен и сака да освојува титули со Баерн. Со играчи како него, сите цели на Баерн се реални – изјави Оливер Кан, генерален директор на Баерн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот