Манџукиќ си оди од Јуве, но останува во Италија
Марио Манџукиќ би можел во јануари да направи изненадувачки трансфер, и од Јувентус се пресели во редовите на Милан, тврди италијанскиот весник „Џорнале“.
Искусниот хрватски напаѓач ги договори личните услови со „росонерите“, иако се веруваше дека е блиску до потпис со Манчестер јунајтед.
Овој 33-годишен фудбалер го привлече и вниманието на Интер, но „Старата дама“ посакува да го пушти популарниот „Манџо“ да игра на „Сан Сиро“.
Така, Хрватот се очекува да им се придружи на сонародниците Анте Ребиќ и функционерот Звонимир Бобан.
Во својата кариера освен за италијанскиот шампион Јуве, ги бранеше уште боите на Атлетико Мадрид и Баерн. Со германскиот клуб успеа да ја освои Лигата на шампионите, а беше дел уште од Волфсбург и Динамо Загреб.