Манџукиќ му останува верен на Јувентус

EPA-EFE/DI MARCO

Марио Манџукиќ потпиша нов договор со Јувентус и во редовите на италијанскиот шампион ќе остане до 2021 година.
Со новиот договор платата на хрватскиот репрезентативец ќе изнесува 5.5 милиони евра плус бонуси за освоени трофеи.

Поранешниот фудбалер на Волфсбург, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, во Јувентус е од 2015 година и досега одигра 159 натпревари, на кои постигна 43 гола и оствари 19 асистенции.
Оваа сезона даде осум гола кои ги „зачини“ со шест асистенции во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот