Мандатот на ЕУЛЕКС продолжен за две години – до јуни 2023

 Советот на Европската унија донесе одлука за продолжување на мисијата на ЕУЛЕКС за уште две години – мандатот ќе трае од 15 јуни 2021 година до 14 јуни 2023 година.

Според одлуката од 3 јуни, ЕУЛЕКС ќе претрпи големи промени за време на продолжениот двегодишен мандат, јави Бета.

Сите задачи што ги има за пристап до оперативната помош на локалните власти во врска со дијалогот спроведен од Европската унија треба да се пренесат на канцеларијата на ЕУ во Косово од 31 декември 2022 година.

Во својата мисија, ЕУЛЕКС поддржува воспоставување стабилни и независни институции за владеење на правото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот