Манчини повика 35 фудбалери, и „Супер Марио“ конкурира за бараж мечот со Македонија!

Роберто Манчини треба да одлучи, Балотели или Педро во нападот на „аѕурите“/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Полуфиналниот дуел од мундијалскиот бараж помеѓу Италија и Македонија ќе се игра на 24 март, има уште доста време, но сигурно веќе од следниот месец ќе се најавува овој историски натпревар за нас.

Никогаш поблиску не сме биле до пласман на Светското првенство кое годинава ќе се одржи во Катар. А до таму можеби го имаме најтешкиот пат од сите останати плеј-оф групи, прво гостуваме кај актуелниот европски шампион, и доколку триумфираме пет дена подоцна повторно ќе игра на гостински терен кај Португалија или Турција.

Денеска селекторот на италијанската репрезентација, Роберто Манчини за тренинг кампот повика вкупно 35 фудбалери кои ќе конкурираат за мартовските мечеви, а помеѓу нив е и Марио Балотели, поранешната ѕвезда на Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул која се врати по три години во националниот дрес.

Италијанците ќе тренираат од среда до петок во Коверчано, а за првпат повик добија голманот Марко Карнесеки, дефанзивците Луиз Фелипе и Џорџо Скалвини, играчите од средниот ред Николо Фаџоли, Давиде Фратези и Самуеле Ричи и напаѓачот Жоао Педро.

Голмани: Марко Карнесеки (Кремонезе), Алесио Крањо (Каљари), Алекс Мерет (Наполи), Салваторе Сиригу (Џенова);

Одбрана: Алесандро Бастони (Интер), Кристијано Бираги (Фиорентина), Давиде Калабрија (Милан), Џорџо Киелини (Јувентус), Матија Де Шиљо (Јувентус), Џовани Ди Лоренцо (Наполи), Алесандро Флоренци (Милан), Луиз Фелипе (Лацио), Џанлука Манчини (Рома), Лука Пелегрини (Јувентус), Џорџо Скалвини (Аталанта), Рафаел Толои (Аталанта);

Среден ред: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Николо Фаџоли (Кремонезе), Давиде Фратези (Сасуоло), Мануел Локатели (Јувентус), Матео Песина (Аталанта), Самуеле Ричи (Емполи), Стефано Сенси (Интер), Сандро Тонали (Милан);

Напад: Марио Балотели (Адана Демирспор), Доменико Берарди (Сасуоло), Федерико Бернардески (Јувентус), Чиро Имобиле (Лацио), Лоренцо Инсиње (Наполи), Жоао Педро (Каљари), Џакомо Распадори (Сасуоло), Џанлука Скамака (Сасуоло), Матија Закањи (Лацио), Николо Заниоло (Рома).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот