Манчини: Постојат многу поважни работи од ЕП

twitter.com/CityBib

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација верува дека „аѕурите“ можат да триумфираат на ЕП во случај турнирот да биде одложен за наредната година поради пандемијата на коронавирусот.

Репрезентацијата на Италија одигра одлично во квалификациите, заедно со Белгија се двете селекции кои имаа максимален скор во квалификациите (10 победи во 10 натпревари).

„Аѕурите“ на ЕП се наоѓаат во Групата А заедно со уште Турција, Швајцарија и Велс, но никој не верува дека континенталниот собир ќе започне на 12 јуни поради пандемијата на коронавирус.

– Не знам како сево ова ќе се заврши, впрочем никој не знае. Без сомнение имаме далеку поважни работи од Европското првенство. Дури и да се одложи ЕП, ние можеме да триумфираме наредната година. Но, сега е најважно здравјето и што побрзо да се вратиме на теренот – изјави Манчини.

УЕФА за утре закажан итен состанок со сите земји членки на кои ќе биде одлучена судбината на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот