Манчини: Нема да биде лесно против Македонија

Роберто Манчини и Италија изминатото лето триумфираа на Европското првенство/ фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Италијанскиот селектор Роберто Манчини инсистира дека целта ќе биде да се освои титулата на Светското првенство во Катар, но ја признава загриженоста за кондицијата на неговите дефанзивци, инсистирајќи дека голманот Џанлуиџи Донарума не е проблемот.

Манчини на денешната прес конференција ги сподели очекувањата во пресрет на натпреварот против Македонија во полуфиналето од мундијалскиот бараж в четврток во Палермо (20.45 часот). Победникот од тој меч на 29 март во финалето ќе игра на гости против Порталија или Турција.

– Не треба да го земаме првиот натпревар здраво за готово. Нема да биде лесно, доколку победиме, ќе имаме четири дена да се подготвиме за финалето.

Изградивме цврста база, позитивни сме и мора да мислиме дека сè ќе оди добро. Ни претстојат два тешки натпревари. Не требаше да бидеме тука, но се случува понекогаш да се мачиме.

Мораме да продолжиме да играме како што игравме секогаш. Не ги постигнавме нашите цели случајно. Не сакавме да ги играме овие натпревари, но момците се чувствуваат добро и тоа е важно. Сакаме да играме на Светското првенство и таму да ја освоиме титулата, но за да стигнеме таму мора да победиме на овие два меча – рече Манчини.

Влезници за дуелот Италија – Македонија можат да се купуваат до вторник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот