Манчини: Имаме одлична репрезентација, Италија може до финалето на ЕП!
Италија го отвора Европското првенство во петок во 21.00 часот на „Олимпико“ стадионот во Рим против Турција во рамките од групата „А“.
Составот на италијанскиот селектор Роберт Манчини е во одлична форма. Не загуби на 27 натпревари по ред, и ги доби сите 10 натпревари во квалификациите за Евро 2020. Но, Манчини е претпазлив во пресрет на почетокот на континенталниот собир:
– Првиот натпревар е секогаш најтежок. Мора да се опуштиме и да се ослободиме од тој притисок кој го имаме како домаќини и тогаш сè ќе биде добро. Турција е полна со талентирани играчи, но за нас тоа е само уште еден натпревар во низа. Ние имаме одлични играчи и фантастичен тимски дух. Се забавуваме во националниот тим и така ќе продолжиме. Убеден сум дека имаме сè што е потребно за да се пласираме во финалето – вели Манчини.
Манчини не е без проблеми пред првиот меч со Турците, веќе долго време не може да смета на Марко Верати, а Лоренцо Пелегрини се повреди пред мечот, па на негово место ќе дојде Гаетано Кастровили.
Италија ги игра сите три натпревари од групната фаза во Рим. После Турција, ќе игра против Швајцарија во среда и четири дена подоцна против Велс.
ЕВРО 2020: Колку репрезентациите заработуваат од дресот – Македонија е на дното!