Манчини е оптимист: Ќе играме на СП, а може и да ја освоиме титулата

Манчини е убеден во пласманот на Италија на Мундијалот во Катар/ фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Селекторот на Италија, Роберто Манчини е убеден дека „азурите“ ќе играат на Светското првенство во Катар и вели дека може и да ја освијат титулата.

Италија која е европски шампион ќе мора преку баражот да ја бара визата за Мундијалот во Катар откако во квалификациите заврши на второто место зад Швајцарија во групата Ц.

Италијанците иако во последното коло влегоа со предност од два гола во вкупната гол разлика, не успеаја да ја совладаат Северна Ирска во Белфаст, додека Швајцарците беа убедливи против Бугарија (4:0).

– Ќе се пласираме на Светското првенство преку баражот во март идната година, а потоа можеби и ќе триумфираме во Катар. Потполно сум сигурен – вели Манчини кој додава:

– Штета, требаше да ја завршиме работата во квалификациите многу порано. И покрај тоа што ја контролиравме ситуацијата на натпреварите, се мачевме да постигнеме голови. Мора повторно да го „откриеме“ тоа што не одвојуваше од останатите и да се подготвиме за натпреварите во март. Сигурен сум дека ќе победиме во баражот.

Во баражот за пласман на Мундијалот ќе учествуваат 12 европски репрезентации меѓу кои е и Македонија и ќе бидат поделени во три групи, а во Катар ќе патуваат само победниците на групите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот