Манчевски: Во Министерството немаме никакви проблеми со дополнителната заменичка министерка и нејзиниот тим

„Дополнителната заменичка министерка е тука, на нејзиниот тим и беше дозволен влез, ги имаат сите просторни услови, дури и пред да бидат завршени административните процедури за превземањето на тие луѓе, внатре во тимовите“, вели министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ги слушнал обвинувањата на опозицијата дека одредени технички министри и заменици министри имаат опструкции и не можат да ги формираат своите тимови. Но, како што рече за време на денешната посета на Штип, не разбира зошто се тие обвинувања, посочувајќи дека конкретно во Министерството за информатичко општество немало такви проблеми.

– Еве во Министерството за информатичко општество и администрација нема никакви проблеми. Дополнителната заменичка министерка е тука, на нејзиниот тим и беше дозволен влез, ги имаат сите просторни услови, дури и пред да бидат завршени административните процедури за превземањето на тие луѓе, внатре во тимовите, вели Манчевски.

Тој нагласи дека и да имало некакви проблеми, тие се надминати и смета дека не треба да се разговара за вакви работи, туку да разговараат за многу поважни работи и да работат во институциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот