Манчевски: Оние кои го спроведуваат законот, мора да ги почитуваат законите

Време е конечно да се направи ветинг во судството, бидејќи има луѓе во судството кои навистина професионално работат, но има и такви за кои навистина треба да минат низ процес на ветинг, порача потпретседателот Дамјан Манчевски на вечерашната трибина На прав пат во Валандово.

-Се обидувавме да го направиме и порано ветингот, но рековме да дадеме шанса законите да функционираат, системот да функционира. Но сите гледаме дека тоа не го бидува и мораме, не само кај судиите, туку целиот сектор да се проветри, да направиме сериозен ветинг. Време е луѓето кои го спроведуваат законот, да ги почитуваат законите и ова е нашето ветување: Веднаш по победата на 12 април, ќе го спроведеме ветингот на дело- порача потпретседателот Манчевски.

Караванот граѓански трибини „На прав пат” вечерва е со граѓаните на Валандово. Масовното присуство на валандовчани е потврда за исправноста на политиките на СДСМ и покажува дека граѓаните сакаат да продолжат по вистинскиот, по правиот пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот