Манчевски негативен на првиот контролен тест

Министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на Фејсбук објави дека првиот контролен тест е негативен и доколку негативен биде и вториот, од понеделник се враќа на работа.

-Првиот тест негативен. До сега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0.  Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција.

На моите пријатели и колеги кои се позитивни им пожелувам брзо опоравување. Имаа многу слаби симптоми, кои веќе ги немаат и се надевам дека брзо ќе се покажат негативни на тестот.

Чувајте се, бидете безбедни и почитувајте ги мерките за лична заштита, напиша Манчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот