Манчевски не се откажува: Ќе има префрлање на административците (ВИДЕО) - Слободен печат
ВестиМакедонија

Манчевски не се откажува: Ќе има префрлање на административците (ВИДЕО)

Денеска се одржа дебата за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за администрација.

Реформата на администрацијата, префрлањето на административци од јавен во приватен сектор, ќе започне и ќе заврши на крајот на оваа година, најави министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски.

Тој на денешната дебата за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за администрација, изјави дека, пред нешто да се одлучи, за промените на законите кои ги таргетираат административците, ќе се консултира со сите засегнати страни.

На дебатата се обрати и директорот на Агенцијата за администрација Спасе Глигоров, кој рече дека потребни се измени на законите за администрација во три сегменти, во постапката за вработување на административните службеници, постапката за унапредување и во делот на заштита на правата на административците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close