Манчевски: Главен проблем кај медиумите е ширење на лажни вести

Се работи за серија на лажни вести, дека лица вработени во јавни државни институции биле под притисок и налог на директори  на институции да дојдат на Маршот „Чекориме за правда” кој беше организиран од страна на СДСМ. –истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и министер во МИОА во емисијата „Само Вистина” на Канал 5 телевизија.

Информациите беа проверени и се потврдија за лажни, вели Манчевски.

-Наводот дека Катастарот е во мрак е тотално неточна , напротив работеле дежурните шалтери, а за вработените во училиштето во Куманово, тоа е училиште кое работи само прва смена- рече Манчевски.

Тој посочи дека она што  треба да се обезбеди и  осигура е заштита на вработените од политички притисоци и  нема да се дозволи дамка да падне на овие избори.

Манчевски, исто така, ја посочи новата алатка за  вработените во јавниот сектор со која ќе можат да пријавуваат прекршување на законите односно биле под некаков политички притисок.

-Не смееме да дозволиме повторување на минатото, треба да бидеме конкретни со конкретни случаи и институции, а не слепо да веруваме и се потпираме на лажни и непроверени информации пласирани на некои портали.-истакна Манчевски.

За разлика од порано денес судовите носат пресуди, вели Манчевски, доколку е прекршен законот и повредено правото на вработените има правна завршница, во врска со наводите на прекршување на правата од законот за работни односи во некои одредени случаи.

-Сега институциите на системот функционираат. Главен проблем кај медиумите е ширење на лажни вести, зашто МИОА е министерство кое треба да штити од лажни вести.-истакна Манчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот