Манчевски до АВМУ: Според кои стандарди Инфомакс е медиум?

Министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски е изненаден од реакциите на ААВМУ која ги советува политичарите да се воздржат од тужби, бидејќи вчера се заканија дека на суд ќе докажуваат дека не биле вмешани во аферата „Рекет“, а откако некои медиуми ги поврзуваа.

На својот фејсбук профил министерот изразува зачуденост од улогата која ја преземала Агенцијата за медиуми која денеска побара од политичарите со најавите за тужби да не ја загрозуваат слободата на медиумите.

-Според кој стандарди Инфомакс е медиум? Нема адреса, нема импресум, не се знае сопственоста… Класичен пример на извор за лажни вести.

На порталот има реклама – линк до бугарскиот мобилен оператор Теленор. Текстот е на руски јазик. Хаос. Техничка грешка или некој плаќа за ваква реклама?

Прашањето го упатувам и до медиумските организации кои повикаа политичарите да не реагираат на вакви класични примери на лажни вести. Тогаш се прашувам кој. Кога веќе конечно ќе ја видиме таа саморегулација?

И ААВМУ одлучи да застане во одбрана на лажните вести и на фантомските портали. И покрај тоа што цело време ААВМУ тврди дека не може да врши никаков надзор над порталите.

Веќе знам и дека дел од коментарите на постот ќе бидат зошто нешто не превземеме. Одговорот е дека работиме согласно закон и дека веднаш ќе се протолкува како притисок. Свесен сум дека за многумина ова не е она што сакаат да го слушнат, ама тоа е вистината.

А, за вистината и стандардите во медиумите…? Се уште верувам дека саморегулацијата ќе даде резултати. Се надевам во мојот животен век, напиша Манчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот