Манчестер сити сака да го ангажира Нејмар?!

фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го контактираше фудбалерот на Пари Сен Жермен Нејмар за да го праша дали бразилскиот репрезентативец планира да го напушти францускиот клуб на крајот на сезоната, пренесува „Л`Екип“.

Нејмар (31) има договор со Пари Сен Жермен до 30 јуни 2025 година, но француските медиуми велат дека управата на „светците“ не смета на бразилскиот репрезентативец во следната сезона.

Гвардиола планира да потпише засилување во летниот преоден рок и сака да знае дали Бразилецот е заинтересиран да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Нејмар пристигна во ПСЖ во август 2017 година од Барселона за 222 милиони евра.

Тој моментно е надвор од терените, односно се опоравува од повредата. Оваа сезона одигра 29 натпревари за францускиот шампион во сите натпреварувања со постигнати 18 гола и 17 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот