Манчестер сити по грешка ќе го купел Меси

twitter/FC Barcelona

Гери Кук ја извршуваше функцијата директор на Манчестер сити од 2008 до 2011 година непосредно пред доаѓањето на сегашните сопственици, кралското семејство од Обединетите Арапски Емирати. Пред шеикот Мансур, сосптвеник на „граѓаните“ беше екс премиерот на Тајланд, Таксин Шинаватра.

Кук за медиумите во Англија откри дека тогашниот сопственик сакаше да покаже колку е финансиски моќен и во првата година направи неколку сензационални трансфери, како што беше купувањето на Бразилецот Робињо од Реал Мадрид.

– Помошник и десна рака на Шинаватра беше Паирој Пиемпонгсант. Јас и главниот оперативец Пол Олдриџ разговаравме со него за трансфер стратегијата. Во канцеларијата зборувавме со Паирој на спикерфон, тогаш Пол го праша „Паирој што да правиме, има многу неред (It’s very messy). Паирој зборуваше со нас додека беше на масажа и со лош тајландски акцент ни вели „Yes, Yes, Very Messy“. Ви се колнам во децата дека го сфатив како да сака да го купиме Лионел Меси. И јас и испратив понуда на Барселона тешка 80 милиони евра – раскажува Кук.

– Тоа беа многу пари пред 10-11 година. Испадна дека и во Барселона сериозно ја разгледувале понудата. Се сеќавам дека тогашниот претседател на Премиер лигата, Дејв Ричардс ми се јави и ме праша: Гери дали навистина доставивте понуда за Меси од 80 милиони? Дали си нормален? – низ смеа раскажува Кук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот