Манчестер сити може да биде исфрлен од Премиер лигата според екс финансиски советник на шампионот

На актуелниот англиски шампион Манчестер сити му се заканува драстична казна, но одлуката на највисоките власти ќе треба да се почека уште некое време.
„Граѓаните“ се обвинети дека ги прекршија правилата од 2009 до 2018 година, двојно повеќе од периодот за кој УЕФА веќе го казни клубот со 30 милиони евра и му забрани да игра во Европа на две години.
Ова е многу потежок случај кој може да има многу сериозни последици за Сити. Стефан Борнсон, поранешен финансиски советник на клубот од „Етихад“, го дели овој став.
– Обвинувањата упатени од Премиер лигата против клубот мора, доколку се докажат, да резултираат со исфрлање од лигата. Сити веројатно ќе ангажира 50 адвокати за ова, но истото ќе го направи и Премиер лигата. Сити нема предност во однос на лигата во овој случај.
Случај како овој е преголем за сегашниот правен тим на Премиер лигата и нема шанси целиот процес брзо да се заврши. Претпоставувам дека ќе поминат години и години пред да се донесе конечна одлука за овој случај, но очекувам тешка казна – рече Борнсон.