Манчестер сити ја одреди цената за Бернардо Силва

Бернардо Силва/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е убеден дека Бернардо Силва ќе остане на „Етихад“ и наредната сезона иако за него голем интерес пројавува Барселона која ќе мора да издвои 75 милиони евра доколку го сака на „Камп Ноу“.

Португалецот минатото лето се наоѓаше на излезни врати од „Етихад“, но Гвардиола го убеди да остане и Силва одигра одлична сезона во која беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата во Премиер лигата.

Сепак, шпекулациите за неговото заминување не престанаа изминатите 12 месеци, а во последно се погласно се споменува Барселона како иден клуб на Силва.

Челниците на Манчестер сити немаат намера да се откажат од Потугалецот доколку тој не побара јавно да си замине, а сумата која заинтересираните екипи ќе мора да ја платат изнесува 75 милиони евра.

– До денеска мислам дека Бернардо ќе остане со нас и следната сезона. Но, отсекогаш сум велел дека не сакам незадоволни фудбалери во мојот – изјави Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот