Манчестер сити ја доби трката за Родри

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, успеа да ја реализира главната цел во летниот преоден рок, да го ангажира шпанскиот репрезентативец од Атлетико Мадрид, Родри. Според весникот „Ас“, самиот фудбалер во просториите на Ла Лига донесе 70 милиони евра со кои си ја плати „слободата“ од Атлетикот Мадрид и се очекува во наредните 24 часа да потпише Манчестер сити кој му ги даде и парите за да ја активира клаузулата.

Менаџерот на „граѓаните“, Гвардиола во Родри ја гледа идеалната замена за Бразилецот Родри.
Во Атлетико се помирија со загубата на шпанскиот репрезентативец и пред извесно време до ангажираа Маркос Љоренте од Реал Мадрид, и му го доделија дресот со број 14, кој минатата сезона го носеше токму Родри.

Покрај англискиот шампион кој на крајот излезе како победник, во трката за Родри беше и Баерн Минхен кој исто така беше подготвен да ја активира клаузулата, но пресуди желбата на шпанскиот репрезентативец да настапува во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот