Манчестер сити го потврди најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Како што и се најавуваше во текот на денешниот ден, тоа доби и потврда, Манчестер сити го промовираше новото летно засилување, Џек Грилиш.

Англискиот репрезентативец како што соопштуваат од клубот потпиша договор на шест години со „граѓаните“.

25-годишниот играч од средниот ред досега настапуваше за Астон Вила каде што имаше 213 настапи во осум сезони, постигнувајќи 32 голови и запишувајќи 43 асистенции.

– Неверојатно сум среќен што се приклучив на Манчестер сити. Овој клуб е најдобриот тим во земјата со најдобриот менаџер на светот – остварување на сонот е да се биде дел од овој клуб – рече Грилиш на промоцијата.

Грилиш стана нов фудбалер на Сити во трансфер (најскап во историјата на Премиер лигата) вреден 100 милиони фунти и го собори рекордот на Манчестер јунајтед кој за Пол Погба плати 89.3 милиони фунти.

Во изминатите 10 сезони, тие постојано освоија големи трофеи. Доаѓањето на Пеп Гвардиола овде го подигна клубот на повисоко ниво и фудбалот што го игра оваа екипа е највозбудливиот во Европа. Да играш за Пеп и да учиш од него ќе биде посебно и тоа е нешто што секој врвен фудбалер би го посакал – вели Грилиш за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот