Манчестер сити ги поместува границите, испрати рекордна понуда до Астон Вила

EPA-EFE/Richard Heathcote

Англискиот шампион Манчестер сити испрати понуда тешка дури 100 милиони фунти до Астон Вила за Џек Грилиш, пренесуваат англиските медиуми. Доколку Астон Вила ја прифати понудата, тоа ќе биде нов рекорден трансфер во историјата на Премиер лигата.

Џек Грилиш е најголема желба на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола ова лето бидејќи смета дека англискиот репрезентативец идеално би се вклопил играта на средниот ред на „граѓаните“.
Но, прашање е дали Астон Вила е подготвена да се откаже од својот најдобар играч, бидејќи подготвува нов договор за Грилиш со кој ќе му понудат неделна плата од дури 200.000 фунти.

Досегашниот рекорд на најголем трансфер во Премиер лигата го држи Манчестер јунајтед кој во 2016 година плати 89 милиони фунти за да го врати Пол Погба на „Олд трафорд“.

Видео на денот