Манчестер јунајтед за нов договор му нуди богатство на Погба

Сегашниот неделен приход на Погба треба да се зголеми за најмалку 50 проценти/Фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

Манчестер јунајтед му нуди продолжување на договорот на Пол Погба на пет години, и доколку францускиот играч од средниот ред истиот го прифати, тој ќе стане најплатениот играч на клубот.

Поточно, Јунајтед на Погба му нуди продолжување на соработката, според која ќе му се плаќа 400.000 фунти неделно (околу 470.000 евра).

Ова претставува значително зголемување на платите за францускиот интернационалец, кој во моментов игра за 290.000 фунти неделно или околу 340.000 евра.

Во моментов најплатениот играч меѓу „црвените ѓаволи“ е голманот Давид де Геа со околу 440.000 евра неделно.

Погба има уште една година од договорот со Јунајтед, и веќе долго време се поврзува со заминување од „Олд Трафорд“.

Доколку не го потпише новиот договор, следната година би можел бесплатно да го напушти клубот, кој го ангажирапе фудбалерот за тогаш рекордно висок трансфер вреден 105 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот