Манчестер јунајтед: Тен Хаг официјално го презема кормилото

EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Холанѓанецот (52) ќе стане петтиот постојан менаџер на Јунајтед откако Сер Алекс Фергусон се пензионира во 2013 година

Манчестер Јунајтед го назначи тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, за свој следен тренер. Холанѓанецот (52) ќе ja преземе должноста од привремениот шеф Ралф Рангник на крајот од оваа сезона, со тригодишен договор кој може да биде продолжен за една година. Тен Хег ќе стане петтиот постојан менаџер на Јунајтед откако Сер Алекс Фергусон се пензионира во 2013 година.

– Голема чест е да бидам назначен за менаџер на Манчестер јунајтед и многу сум возбуден од предизвикот што претстои – изјави Тен Хaг.

Јунајтед е шести во Премиер лигата на пет кола до крајот на оваа сезона и е надвор од зоната што ветува настап во Лигата на шампионите идната сезона. Јасно е дека летово на тимот од „Олд Трафорд“ му претстои генерален ремонт што се однесува до играчкиот кадар. Новиот тренер очекува најмалку десет засилувања што ќе нааправат тимот да игра на многу повисоко ниво од она сезонава.

Ајакс е на врвот во холандската лига, четири бода повеќе од ПСВ Ајндховен, со уште пет меча, иако загуби од ривалите во финалето на холандскиот куп. Тен Хег го презеде Ајакс од декември 2017 година и ги предводеше до двојните круни во лигата и купот во сезоните 2018-19 и 2020-21. Откако Рангник официјално го презеде водството на 3 декември, Јунајтед има скор од девет победи, шест нерешени и четири порази во 19 лигашки натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот