Манчестер јунајтед стана „гол-машина“ во Премиер лигата! (ВИДЕО)

фото: твитер

Фудбалерите на Манчестер јунајтед убедливо на домашен терен ја совладаа екипата на Борнмут со 5:2 во рамките од 33 коло во најсилното англиско првенство.

Нови три важни бода за „црвените ѓаволи“ кои се борат за едно од местата кои водат во групите на ЛШ следната сезона, моментно се на четвртото место со 55 бодови, еден повеќе од Челси кој има меч помалку.

На денешниот дуел во составот на Оле Гунар Солскјер двапати во листата на стрелците се запиша Гринвуд, а по еднаш Решфорд, Марсијал и Фернандеш кој воедно запиша и две асистенции.

На спротивната страна Станислас се погрижи за водство на гостите, но нивните ривали направија пресврт, а вториот погодок беше дело на Кинг од пенал во 49 минута од средбата.

Во саботната програма, Брајтон на гости триумфираше кај Норич (0:1), а Лестер со 3:0 беше подобар од Кристал палас. Од 18.30 часот Вулверхемптон е домаќин на Арсенал, а од 21.00 часот Челси ќе ги одмери силите со Ватфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот