Манчестер јунајтед се подготвува за сензационален потег, трансфер со кој би ја шокирал јавноста

„Црвените ѓаволи“ планираат сите карти во летниот преоден рок да ги фрлат на играчот на градскиот ривал, Рахим Стерлинг, доколку казната на Манчестер сити за двегодишна суспензија од ЛШ биде потврдена.

Манчестер сити во февруари годинава беше казнет со забрана за настап во Лигата на шампионите и сите натпреварувања во организација на УЕФА на две години поради кршење на финансискиот фер-плеј.

„Граѓаните“ се жалеа во спортскиот Арбитражен суд во Лозана, но доколку жалбата биде одбиена се очекува да се случи вистински егзодус на најголемите ѕвезди, а меѓу нив е и англискиот репрезентативец, Рахил Стерлинг.

Според „Индепендент“, Манчестер јунајтед е подготвен за сензационален трансфер на Стерлинг иако во трката за неговиот потпис се очекува да влезе и Реал Мадрид.

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека Стерлинг би бил идеално засилување на екипата и токму тој е фудбалерот кој би го вратил тимот во борбата за трофеите.

Прочитајте и...  Јунајтед ги победи Сити и Челси, одличниот дефанзивец доаѓа на „Олд трафорд“?

Стерлинг сезонава на 24 натпревари за Манчестер сити постигна 11 гола и има две асистенции, а Јунајтед е подготвен да издвои околу 100 милиони евра за неговите услуги.

Прочитај повеќе

Меси не се откажува од титулата, нов исторски подвиг за триумф на Барселона (ВИДЕО)

Слободен печат

Шефилд му направи услуга на Јунајтед, со посед на топката од 24% му даде три „парчиња“ на Челси

Слободен печат

ФФМ: Клубовите од вторите и третата лига нема да плаќаат котизација

Слободен печат

Лацио му ја предаде титулата на Јувентус (ВИДЕО)

Слободен печат

Фудбалот се враќа дома: Англичаните имаат неверојатна генерација која може да доминира наредната деценија

Слободен печат

Поранешната репрезентативка Гивенс замина во пензија, ќе стане тренер

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ригорозни казни за прекршување на карантинот во Формула 1: Затвор или 15.000 евра

Слободен печат

Шанса за Барселона, за три дена цената на Лаутаро падна за 21 милион евра

Слободен печат

Пол позицијата за шампионот, Хамилтон најдобар на дождливите квалификации

Слободен печат

Норвич испадна од Премиер лигата

Слободен печат

Јовановски останува претседател на ОФМ

Слободен печат

Бејл си игра мајтап со Реал, зема плата од 17 милиони евра за да спие на натпревар (ВИДЕО)

Слободен печат